Нагла промена на времето - Во вечерните часови врнежи од дожд и снег

Во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

 

Утре времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Додади коментар