Мртва жена пронајдена во Тиквешкото езеро, неготинец загина од струен удар

 

Мртва жена била пронајдена во Тиквешко Езеро, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

 

Според првичните информации, мртвото тело било пронајдено во месноста Голеш. Додевски рече дека увидот на лице место трае и најави повеќе детали утре.

 

 

Педесет и седумгодишен неготинец загинал денеска од струен удар, потврди вечерва Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

 

Несреќниот случај настанал кај трансформатор во неготинско. Засега нема повеќе детали за околностите во кои се случила оваа несреќа.

 

Додади коментар