Младиот планинар на СПАОК „ Антигонеа“ Ване Бошев беше на средба со градоначалникот
03-07-2015 РЕГИОН

Најмладиот член на СПАОК „ Антигонеа-нег “ од Неготино, седумгодишниот Ване Бошев денеска беше во посета на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Во рамки на посетата малиот Ване го информираше градоначалникот Апостолов за досегашните успеси и достигнувања во планинарењето, како во Македонија така и надвор од неа. Она за што се подготвува Ване периодов е освојување на врвот  Триглав во Р. Словенија и врвот Мармолада во Р. Италија и и доколку го освои Ване ќе биде најмладиот балканец кој се искачил токму на овој врв.

 

„ Денеска имав прилика да се дружам со Ване Бошев еден од добитниците на 8 Ноемвриското признание за 2014 година. Тој е најмладиот планинар во Р. Македонија, наша городост која потекнува од нашиот град Неготино. Ване секогаш ќе биде поддржан од општина Неготино. Десга има освоено 40 врвови во Македонија и надвор од неа, од кои најзначајни и највисоки се Мусала на Рила во Бугарија. На 23 јули ване се подготвува да отпатува во Италија и Словенија и да ги освои врвовите Мармолада и Триглав со кои ќе ги постигне највисоките успеси на балканско ниво. Општина Неготино секогаш ќе му овозможи да биде учесник на секој планинарски поход, а по 10 години како врвен планинар да се искачи и нанајвисокиот врв Монт Еверест “- изјави градоначалникот Ванчо Апостолов.

Јавна благодарност до градоначалникот Ванчо Апостолов упати неговиот татко Орданче Бошев кој исто така е планинар и го придружува Ване на сите патувања и искачувања. Градоначалникот Апостолов истакна дека тој секогаш ги поддржува и ќе ги поддржува успесите на младите од општината кои секогаш придонесуваат за афирмација на општина Неготино, но и за самиот лично како градоначалник.

Maja Aлексовска

Додади коментар