Мицкоски: Власта веднаш да го повлече законот за попис

„Во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна седница на Извршниот комитет и една од точките на која што опсежно и долготрајно се разговараше беше темата за пописот на населението во Македонија.  Она кое што беше заклучено после долгата и опсежна дискусија е следното, имено попис е потребно да има, но тоа е потребно да биде статистичка операција, а не политичка операција каква што се подготвува од страна на владејачкото мнозинство.   Власта веднаш да го повлече законот за попис, за да се постигне општ консензус, доколку тоа не се случи ВМРО-ДПМНЕ отпочнува инцијатива за собирање граѓански потписи за поништување на насилниот закон за попис“ рече на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар