Митко Јанчев е новиот градоначалник на Кавадарци
29-10-2017 РЕГИОН
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев е победник во вториот круг од локалните избори. Тој според податоците од ОИК Кавадарци, од сите обработени гласачки места освои 13.180 гласа и е нов градоначалник на Кавадарци.
Неговиот против кандидат Бетиане Китев во градоначалничката трка од вториот круг освои 11.538 гласа.
Во моментот членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ ја прославуваат победата на Јанчев.
Во Росоман победник е Бранко Јанев од СДСМ, во Демир Капија Лазар Петров од СДСМ.
СДСМ победи и во Градско. Таму градоначалник е Роберт Бешовски. СДСМ победата ја слави во овие општини.
А.Д

Додади коментар