Министерката за труд и социјала повтори: Нема да се населуваат никакви бегалци во Македонија

 

Ниту ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Цароска, која во Битола учествуваше како гостин на седница на Советот на општината. ВМРО-ДПМНЕ, рече таа, шири ксенофобија и лажни вести.

 

– Ние како Влада упатуваме советниците да се одговорни и одговорно да ја користат говорницата во општината. Нека кажат од ВМРО-ДПМНЕ со кој документ Владата се обврзала да потроши финансиски средства или направила проектни документи за изградба на станови, рече министерката за труд и социјална политика.

 

Напротив, потенцира таа, тоа се случувало во времето кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт и одземале парцела и надлежност во општина Сарај.

 

– Оваа Стратегија не се однесува на мигранти, напротив Резолуцијата што ја донесе Собранието на Република Македонија за мигранти ја изгласа мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија е држава која што ратификувала Конвенции за заштита на човекови права. Многу е важно да се потенцира дека референдумот е демократско право и ние веруваме во изјаснувањето на граѓаните за важни прашања на референдум, но ова прашање е лажно прашање, истакна министерката Царовска.

Додади коментар