Минатата недела уште две незгоди со мопед
22-07-2013 РЕГИОН

И покрај редовните превентивни и репресивни акции, едукации и сообраќајни поучувања од страна на  ПС од ОН Кавадарци податоците говорат дека и понатаму расте бројот на незгоди.

Секојдневно во подем е бројот на учеството на мопеди и моторцикли во сообраќајот, а со тоа за жал и незгодите предизвикани од истите. Според податоците кој денес ги добивме од командирот на одделението за безбедност во патниот сообраќај Зоранчо Добринов изминатата недела во статистиката на кавадаречката Полиција забележана е со две незгоди и тешки телесни повреди.

Имено првата сообраќајна незгода е предизвикана од мопед кој всушност излетал од патот, а незгодата завршила со тешки телесни повреди кај возачот односно сопатникот.Во втората регистрирана незгода со тешки телесни повреди скршеници се здобил велосипедист кој паднал од велосипедот.Полицијата апелира внимателно во сообраќајот и почитувајте ги правилата. Нашиот извор вели дека и покрај сите напори на Полицијата за подигање на сообраќајната култура и понатаму има возачи кој се далеку од сообраќајни правила.

Од полицијата апелираат до родителите, првенствено тие да водат поголема грижа за своите деца. Да не им дозволуваат на малолетници да управуваат моторцикли. Мопед и моторцикал да се управува задолжително со положена соодветна возачка категорија, со документи и осигурителна полиса и во ниту еден случај без заштитна кација, велат од Полицијата. Апелот важи и за велосипедистите. Според законот велосипед може да управува секое дете со полни 10 години, во спротивно родителите не смеат да дозволат нивното дете со велосипед да учествува во сообраќајот. Акциите и контролите на сообраќајната полиција и во лето ќе бидат интензивни. Секојдневно сме на терен и ги санкционираме сите кој се надвор од прописите велат од Полицијата. Казните се високи, а ќе ги има за непочитувачите. Почитувањето на сообраќајните пак правила значи безбедност.Во секој случај животот на нашите најмили кој секојдневно се на мотор е непроценлив во споредба со една сообраќајната казната .Свеста е сепак пресудна за одлуката.

Милица Младенова



Додади коментар