Минатата недела најголем број заболени од грип во Кавадарци оваа сезона
11-02-2020 РЕГИОН

Минатата недела во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани 435 нови заболени од грип, што е највисок број на заболени од почетокот на оваа сезона.

 

„Вкупниот број на заболени сезонава се искачи на 952 болни. Најмногу заболени има во возрасната група од 5-15 години во која припаѓаат учениците. Потоа со 170 болни е возрасната група од 15 до 64 години и од 0 до 4 години евидентирани минатата недела се 80 грипозни лица“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Тој исто така информира дека најмал број заболени од грип има во возрасната група од над 65 години, само 6 лица. Како што додава д-р Јовановски, малиот број се должи на имунизацијата кај оваа возрасна група.

 

Поради поволните временски услови, лекарите предупредуваат дека грипот интензивно ќе се шири и во наредниот период.

А.Д

Додади коментар