МЗШВ: Дополнителни субвенции од 2 денари за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка и Кадарка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата на Република Северна Македонија донесе сет мерки со кои ќе се поддржи овој многу значаен сектор, лозарството.

 

Една од мерките е дополнителната мерка од 2 денари по килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја изготви и истата е веќе излезена во Службен весник на РСМ.

 

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката за оддржување на лозов насад од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и оствареното производство од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка, Кадарка од реколта 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

 

Дополнително ќе бидат донесени и сет на мерки кои ќе бидат од Ковид Програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година - стои во соопштението од МЗШВ.



Додади коментар