Македонска вечер во Чачак
26-10-2015 РЕГИОН

Во Чачак , Р.Србија по повод денот на Македонкста револуционерна борба, Здружението на мaкедонците во Моравечкиот округ ,,Даме Груев,, ја одржа шестата по ред традиционална Македонска вечер. Претседателот на здружението Славе Груевски во изјава за KTВ ја потенцираше големата благодарност до локалните самоуправи на Кавадарци и Росоман и добиената подршка.

 

Задоволен од досегашната соработка со Чачак и македонското здружение е и заменик градоначалникот на Росоман Ристо Јошев советник и претседател на комисијата за образование, култура и спорт и човек кој во оваа дво дневна посета беше на чело на македонската делегација.

 

За многу години македонци, бисер балкански, македонско девојче испеани од Ангела Стефковска и Класико бенд ги распалија македонските срца во Чачак и ги сплотија гостите на вечерта во едно. Пред официјалниот старт на вечрта настап имаше и пеачката група Лира.

 

Милица Младенова

Додади коментар