Лозјата во добра кондиција

Според информацијата што денеска ја добивме од дтручните лица од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството Работна единица Кавадарци  лозјата во Тиквешијата се наоѓаат во добра стабилна здраствена состојба и одличен вегетативен прираст. Според последните сознанија од терен на советниците од Агенцијата и информациите од лозарите  нема појава на најчестите габични болести во лозарството, пепелниза и пламеница што се должи на стабилното и суво време во текот на мај и не постоењето услови за развој на овие болести кои предизвикуваат најголеми штети во оваа земјоделска гранка.

 

Оваа година  е препознатлива кај самите лозари со навремена зиска заштита и превентивно пролетно третирање. Воп оделни реони на терен  забележливо е присуство на пајажинести запредоци од гроздови молци  па затоа е неопходно третирање со инсектициди во оваа прва фаза од развојот на гроздовите молци. Според  советникот Драганчо Николов  од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци при редовното третирање на лозјата во фаза на прецветување на лозјата  да се продолжи со користење на фунгициди со комбинирано  контактно и системично дејство. Поради нестабилното време во овој период се препорачува задолжително користење на инсектициди против сивиот и жолтиот молец потенцира Драганчо Николов потсетувајќи дека за сите подетални совети лозарите можат да се обратат во агенцијата секој работен  ден.

М.Мукаетова

Додади коментар