Лозарите се против ликвидација на „Стефанс вајнари“ - си ги бараат парите за 2015
23-01-2019 РЕГИОН

 

 

Да не се дозволи ликвидација или продажба на Стефанс вајнари побараа лозарите на синоќешниот состанок со градоначалникот Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов. Тие стравуваат дека доколку тоа се случи нема да можат да ги наплатат парите кои ги побаруваат за грозјето предадено во 2015 година. Оваа винарија им должи 680 илјади евра. 

 

„Ние како општина и тиквешки регион имаме интерес од градење на дестилерија, можеме тие 680 илјади евра да ги претвориме во акции во винаријата. Да им се исплатат на лозарите, од општина или фонд, а понатаму може да размислуваме за доинвестиција за правење на дестилерија. Но прво да ги видиме сите реални долгови на винаријата. Општината ни е во добра кондиција, а и Владата може да помогне, ние мораме да инсистираме да се направи дестилерија во Кавадарци, со што ќе го решаваме проблемот од евентуалниот вишок грозје во наредниот период“ рече  градоначалникот. 

 

Претеникот Минов ги уверуваше лозарите дека ако не ги добијат парите со стечајната постапка што се води, тогаш државата ќе им ги исплати. 

 

За утре  била закажана средба на која ќе се расправа околу стечајната маса на винарницата во стечај. Како што најавија лозарите, на оваа средба ќе присуствуваат и министерот за земјоделство,  претседателот на Здружението “Напредни лозари”, градоначалникот на Кавадарци и пратеникот Минов.

 

Aнгел Данов

Додади коментар