Лозарите и винарите не се договорија -нема плус 2 денари за килограм грозје
14-08-2014 РЕГИОН

Лозарите и винарските визби на денешната средба во МЗШВ не постигнаа договор за откупната цена на грозјето. Производителите на грозје за својот род бараат два денари повеќе за килограм споредено со ланските цени, а таквото барање за визбите е неприфатливо.

 

Иако поради лошото време и појавата на болести родот на грозје е речиси преполовен визбите не стравуваат да платат повеќе за да си купат од малите количини на грозје.

 

Лозарите годинава бараат 11 до 13 денари за килограм „смедеревка“ и 13 до 15 денари за сортата „вранец“ што за винарите е префорсирана цена.

 

Откупната цена секоја година се дефинира пред почетокот на берба и секогаш таа е сопката во дијалогот меѓу лозарите и винарите. 

А.Д

Додади коментар