Кривична пријава за кавадарчанец поради пуштање во промет наркотични дроги

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе Кривична пријава против П.М.(38) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот закон.

 

При претрес во неговата викенд куќа на Тиквешко Езеро, атар на с.Брушани, полициски службеници пронашле марухуана и кокаин - информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

 

Додади коментар