Кон крајот на следната недела доаѓа вистинска зима

 

Метеоролозите алармираат дека на топлото време ќе му се радуваме само уште неколку дена, или до крајот на наредната недела.

 

Метеоролошката прогноза гласи дека веќе во третата седмица од ноември ќе почне заладувањето. Викендот на 10 и 11 ноември ќе биде пресвртот кога за само еден ден температурите ќе паднат за десетина степени.

 

Од тогаш, живата на термометарот ќе покажува се пониски износи, а тие во утринските часови редовно ќе бидат во минус.

 

Па така викендот на 17 и 18 ноември температурите нема да се качат над 7 степени а исклучително студено ќе биде наутро кога температурите ќе одат и до минус 3 во Скопје и минус 7 низ републиката.

 

Во втората половина не чека многу влага но и исклучително ниски температури.

 

Низ Македонија веќе се најавуваат температури длабоко под нулата кои на некои места ќе достигнат и минус 10.

 

Во овој период на ноември ќе се создадат услови и за првите врнежи од снег, но тие не се очекуваат на пониските места и во котлините или пак доколку сепак има провејување, снегот нема да се задржи на почвата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Додади коментар