Концерт на Дуке Бојаџиев во Велес
21-02-2015 КУЛТУРА

Синоќа  во новата театарска зграда во градот на културата за оваа година, Велес, свој концерт одржа македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев насловен како „Сон .Верба. Љубов” Концертот беше во организација на народниот театар  „ЈХК Џинот“ - Велес,

Покрај Дуке Бојаџиев на пијано, на концертот настапија Исмаил Лумановски на кларинет и актерот Васил Зафирчев како наратор.

„Сон. Верба. Љубов“ е длабоко емотивно звуковно патешествие до срцевината на нашата традиција и културна разноликост. Комбинација на авторска, филмска музика и изворно македонско творештво. Спој на композиции кои Бојаџиев ги  создал за филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, композиции од  неговиот албум „Љубовта е патот“, елементи од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, збогатена со суфистичката поезија на големиот поет и  филозоф од 13. век, Џелалудин Мевљана Руми.



Share

Додади коментар