Комуналец ја исчисти атмосферската канализација на „Ристо Ѓондев“ во Ваташа
10-08-2016 РЕГИОН

Екипи на ЈП Комуналец Кавадарци, после два дена од поројниот дожд кој падна во кавадаречко, денеска работеа на расчистување на истекот за атмосферска канализација на улицата „Ристо Ѓондев“ во Ваташа.

 

Истекот.  повеќе од една година беше затрупан со земја која доаѓа од ридот над улицата и при секој посилен дожд,  вода и кал се слеваше по главната улица во Ваташа „Страшо Пинџур“, па жителите во најблиските куќи беа приморани да газат кал или да дишат прашина после поројните дождови.

 

По расчистувањето на истекот од атмосферската канализација,  комуналци работеа и на перење на улицата.

KТВ вчера алармираше дека ваташани се револтирани што главната улица во селото е полна со прашина и што надлежните повеќе од една година не направиле ништо,  да ја исчистат натрупаната атмосферска канализација од земјата која се слева при поројни дождови од ридот над улицата „Ристо Ѓондев“.

А.Д

Додади коментар