Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Лазаров на средба со Панов
30-07-2015 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов оствари средба со капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, на која се разговараше и за акатуелни теми од ракометот.

Најдобриот македонски ракометар го запозна градоначалникот Панов со активностите предвидени во неговиот долгогодишен проект за пронаоѓање на млади најтелентирани ракометари од Македонија, нивно менторирање, помагање во секоја смисла, како и насочување на вистинските вредности- информираа од службата за однсои со јавноста при општина Кавадарци. 

Како што кажа Кире Лазаров, во спортото и во животото, суштинска работа е да се почитува традицијата и историјата. Токму Кавадарци е меѓу ретките градови со длабоки траги во македонската ракометна историја. Па затоа неговата посета резултираше и со средба со градоначалникот на градот од каде потекнуваат многу поранешни, а и сегашни членови на македонската ракометна репрезентација.

Лазаров се потсети и, на почетоците во спортото во кој ги достигна светските височини, а кога како дете играл против неговите врсници на стариот асвалтен ракометен терен на градскиот стадион во Кавадарци.

Градоначалникот Александар Панов искажа почит кон Кире за спортските достигнувања и афирмацијата на Македонија и македонскиот народ во Светото, а воедно и благодарност што се сетил на Кавадарци и неговата ракометна историја, а пред се за потнцијалот на младите кавадарчани кои имаат талент за ракомет.

Панов искажа нескриена поддршка за проектото на Кире, како и лична подготвеност и поддршка од Советот и општината Кавадарци за неговиот проект во откривање и помагање на ракометните таленти.

Од оваа прва средба произлезе и заклучок за воспоставување сериозна соработка и взаемна помош во промовирањето и реализирањето на исклучително благородниот проект на Кире Лазаров за реинкарнација на ракометниот спорт.

На крајот од средбата беа разменети и пригодни подароци, а градоначалникот Панов од Лазаров доби дрес на македонската ракометна репрезентација со бројот 7.



Додади коментар