Какво време не очекува неделава?

Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 3°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 23°С.

 Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 7°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 20°С.

 Во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд претежно во западните предели и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°С до 12°С, а максималните дневни температури од 14°С до 21°С.

 Умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд проследени со силен ветер ќе биде во среда. Ќе дува засилен јужен  и југоистпечен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 7°С до 13°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°С односно до 19°С.

 Во четврток во Македонија по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно со локална облачност ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветрот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 2°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 12°С до 19°С.

 Во петок по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 0°С до 8°С а максималните дневни температури од 14°С до 21°С.

Во деновите од викендот не очекува повторно сончево но постудено време.

 Во сабота и недела по студените утра во текот на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од -1°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 14°С односно до 21°С.

http://weather4all.com.mk

 

Додади коментар