Кавадарчанец бегајќи од полицијата, паднал и тешко се повредил

Триесет годишен кавадарчанец добил тешки телесни повреди откако паднал, во обид да им избега на полициските службеници за време на полицискиот час и е испратен на Клиниката за трауматологија во Скопје.

 

Лекарите велат дека најверојатно ќе биде изврешна хируршка интервенција, бидејќи биле скршени двете коски под коленицата.

 

Повреденото лице В.Ј со своето возило започнало да бега, откако полицијата дала знак да застане сооглед на отпочнатиот полициски час.

 

„Вчера во 17.00 чaсот при вршење контрола на ул.„Шишка“ во Кавадарци полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „Oпел астра“, со кавадаречки регистарски ознаки, но, истото не застанало. Набрзо возилото е пронајдено во с.Марена, а во него биле Б.Т.(51), В.Ј.(30) и Ј.В.(46). Притоа, В.Ј.(30) се обидел да избега, при што паднал и се повредил. Тој бил префрлен во болницата во Кавaдарци, каде му била констатирана тешка телесна повреда“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски и додава дека против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера се регистрирани 3 прекршувања на полицискиот час во Кавадарци и 2 во Неготино.

 

А.Д



Додади коментар