Кавадарци беше домаќин на балканско првенство во џудо
03-09-2018 СПОРТ

 

Викендов Кавадарци беше домакин на две балканијади. Едната во велосипедизам и другата во Џудо за сениори. Салата Јасмин и ЏК „Кожувчанка“ веке трет пат покажаа како треба да се организира едно големо натпреварување.

 

На отворањето говореа претседателот на ЏФМ , претседателот на оваа балканска асоцијација, а првенството за отворено го прогласи градоначалникот Митко Јанчев.

 

 

 

Оваа година кавадарци имаше двајца претставници во репрезентативниот состав. Миле Плачков ги загуби двете борби но Благица Колева успа да стигне до бронзениот медал. Иако против себе имаше и многу повозрасни протиовнички Колева го покажа огромниот талент и ни порача дека од неа допрва можат да се очекуваат уште поголеми резултати.

М.В

Додади коментар