Кавадарци аплцира со неколку проекти пред меѓународни фондации.
16-04-2015 РЕГИОН

Со проекти за асфалтирање и поплочување на улици и тротоари во селата Марена, Дреново, Ваташа, Сопот и Глишиќ, реконструкција и интервенции на локалните патишта за селата Раец, Дреново, Ресава и Рожден, замена на 400 улични светилки со штедливи општина Кавадарци преку секторот за локален економски развој аплицираше пред меѓународни агенции и фондации.

 

Раководителот на овој сектор, Тодор Ефремов во емисијата ТВ објектив говори за сите досега реализирани проекти, но и за оние со кои општината аплицирала годинава пред меѓународните агенции и фондации. Тој најави дека општина има аплицирано и со проект за општо корисна работа кој ќе биде финансиран од УНДП.

 

„Со проектот за општо корисна работа кој го аплициравме пред УНДП ќе овозможиме 15 лица да бидат во служба на стари и изнемоштени лица во период од 6 месеци. Финансиските средства за покривање на надоместокот за ангажираните лица ќе биде покриен од УНДП“ нагласи Ефремов.

А.Д

Додади коментар