Кавадаречкиот совет утре ќе ја одржи редовната 14-та седница
29-08-2018 РЕГИОН

 

Одлуката за седмо септемвриската награда која се доделува по повод денот на ослободувањето на Кавадарци 7 ми септември е дел од 14-та седница на кавадаречкиот совет. Седницата е закажана за утре со почеток од 12 часот.

 

Советот исто така ќе треба да го одреди како приоритетен проект регулирањето и уредувањето на коритото на реката Луда Мара со спортско рекреативни содржини. По повод манифестацијата Тиквешки гроздобер ќе биде продолжено работното време на угостителските објекти, а ќе се утврдуваат локации и цена за паркирање на патнички моторни возила за време на гроздоберот.

 

На дневен ред се и измените и дополнувањата на правилникот за коритстење на средства за репрезентација, одлука за долгорочно задолжување на ЈП Комуналец за финансирање на проектот „Водовод и канализација“.

A.Д

Додади коментар