И годинава организиран дочек на Нова Година на кавадаречкиот плоштад
06-12-2018 РЕГИОН

 

 

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници , Општина Кавадарци започна со подготовка за дочекот на Нова Година. 

 

Дочекот на градскиот плоштад и оваа година ќе биде исполнет со добра музика од кавадаречки бендови. Акустико лајт и M.A.D M8ts ќе бидат задолжени за создавање на одлична атмосфера за новогодишната ноќ. Исто така е предвидена и новогодишна куќарка во која локален ресторан ќе нуди греани вино и ракија, како и закуска со симболични цени. Како и секогаш, точно на полноќ ќе бидеме сведоци на спектакуларен огномет.
 
 
Од буџетот на Општина Кавадарци за организирање на дочекот на новогодишната вечер се одвоени 300 000 денари. 
 
 
Од денес започна и новогодишното украсување на градот кое е предвидено целосно да заврши до крајот на оваа недела, за таа намена издвоени се средства во висина од 1 500 000 денари. 
 
 
Последната недела од оваа година Градоначалникот Митко Јанчев ќе подели новогодишни пакетчиња во сите училишта во Општина Кавадарци, во градинките и на социјално загрозените семејства, ќе се поделат околу 4000 новогодишни пакетчиња. 
Оваа најава со подготовките воедно нека биде и покана до сите грашани на Општина Кавадарци заедно да ја дочекаме Новата 2019 та Година на градскиот плоштад - информираат од општината.
 

Додади коментар