И визбите се подготвуваат за гроздоберот
22-07-2013 РЕГИОН

Винарските визби исто како и лозарите интензивно се подготвуваат за новата гроздоберска сеозна. Винарите со кои контактиравме велат дека веќе склучиле договори за откуп на грозје со коминтенти но не сакаа да откријат колкави количини на грозје ќе откупат и од кои сорти. Некои од нив открија дека веќе започнале да обезбедуваат пестициди за своите кооперанти а плаќањето на истите да биде по предавањето на грозјето.

Сеуште велат дека прават калкулации околу самиот откуп на грозје и засега не можат да излезат со поконкретни бројки, а најмалку да коментираат по која цена би можело да се откупува годинешното грозје. Оние кои се соочуваа со губење на лиценцата за откуп поради недоплатеното ланско грозје, сега се задоволни што имаат шанса за поправен испит. Оние пак кои со години се редовни плаќачи нагласуваат дека лозарите конечно ќе ги препознаат вистинските партнери за соработка и нема да го продаваат грозјето на несериозни откупувачи. Како и да е, гроздоберската сезона наближува а со тоа и прашањата околу откупот, цената и плаќањето на грозјето стануваат се поактуелни.

С.Д



Додади коментар