Инфо ден за земјоделците од кавадаречко
17-12-2015 РЕГИОН

Во организација на Секторот за управување со ИПАРД, Подрачното министерство за земјоделство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци синоќа се одржа  инфо ден  со цел да  се информираат земјоделците кои  сакаат да користат кредитни средства  за инвестирање во земјоделското производство.

 

Претставници од секторот за управување со ИПАРД и „Прокредит банка“ синоќа  го претставија гарантниот фонд  кои има за цел да  ги олесни инвестициите во земјоделството. Со формирањето на гарантниот фонд  се овозможува намалување на вредноста  на гаранцијата што ја бара банката од земјоделецот. Користењето на кредити од овој фонд не мора да биде поврзано со користење на било која програма ИПАРД или друга национална програма изјави за КТВ  Виктор Младеновски од секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Р. М.

M.Mукаетова

Додади коментар