Интервју со Павле Богев – претседател на ЛК на СДММ Кавадарци: Со одличниот тим постигаме одлични резултати

Oд 18 годишна возраст кавадарчанецот Павле Богев, актуелен претседател на младите на СДСМ во Кавадарци е член на партијата, но и претходно бил активен во активностите на партијата. Во разговорот со него тој открива за сите партиски  активности во кои како млад човек бил вклучен. Кажува дека од 2018 година, кога станува претседател на локалниот клуб на  СДММ  Кавадарци неговите обврски и активности стануваат поголеми. Задоволен е од тоа што неговата партија победи и на последните парламентарни избори.

 

КТВ: Од кога официјално станувате член на СДСМ ?

 

БОГЕВ: Официјално станав член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кога наполнив 18години, претходно во средношколските денови се интересирав и следев работи кои се поврзани со политиките на социјалдемократскиот сојуз и најголемо внимание ми привлече определеноста кон евроатланските политики односно Европската Унија и НАТО. Во периодот кога се вклучив во партиските активности односно 2011-2012година државата беше под тоталитарен режим од страна на тогашната позициона ВМРО-ДПМНЕ и со неколку мои врсници одлучивме јавно и гласно да го крениме гласот против тогашната власт и активно да се вклучиме во активности организирани од страна на ЛК СДММ Кавадарци. Потоа следеа  протести под името ОТПОР , следуваа бомбите на Заев , Кампот на Слободата , Шарена Револуција  тоа  беше тежок период за државата, но мотивацијата и желбата за остварување на нашите цели беа од ден во ден се посилни,  заради тоа што знаевме дека сме на правиот пат.   Значи откако сум  член на партијата активно сум вклучен во сите активности како на ЛК СДММ Кавадарци така и во рамките на општинската организација на СДСМ Кавадарци, посебно во периодот на изборните кампањи кога бев дел и од општинскиот изборен штаб.

 

КТВ: Сега сте претседател на младите на СДСМ. Како одговарате на тој предизвик да ги координирате младите социјалдемократи од Кавадарци?

 

БОГЕВ: Во 2018година станав Претседател на локалниот клуб со што се зголемија моите обврски кои главно се базираат на зачленување на нови членови, промовирање на социјалекономските политики и мерки , организација на различни настани , координација со локалните клубови од другите градови и координација со централното раководство на млади , решавање на проблеми од различен тип итн.

 

КТВ: Во ЛК СДММ  Кавадарци членуваат и млади лица од ромска националност. Каква е соработката со нив?

 

БОГЕВ: Социјалдемократскиот сојуз е партија која е посветена на социјал-економските политики и мерки, но и гради општество еднакво за сите. Во рамките на тоа и јас како млад социјалдемократ и претседател на локалниот клуб имам одлична соработка со младите од ромската заедница од нашиот град ,имаме организирано заеднички настани и активности со тоа ќе продолжиме и во иднина.

 

КТВ: Бевте активни во кампањата за предвремените парламентарни избори. Колку  сте задоволни од постигнатиот резултат како човек кој работеше на терен?

 

БОГЕВ: Задоволен сум што победивме на последните предвремени парламентарни избори , макар што резултатот  можеше да биде подобар, формиравме влада предводена од нашиот лидер Зоран Заев и во идните четири години искрено се надевам дека се она што не беше завршено во претходниот мандат ќе биде реализирано и дополнително оваа влада ќе се посвети на внатрешните проблеми , на економијата , зголемување на животниот стандард , а со тоа ќе се подобри и животот на младите.

 

КТВ: Каква е соработката меѓу младите во партијата?

 

БОГЕВ: На крајот сакам да ја истакнам одличната меѓусебна соработка со моите партиски другари , членови на локалното раководство и сите членови на локалниот  клуб на СДММ Кавадарци, добар тим е основниот услов за успешна работа и постигнување на одлични резултати, но посебно сум горд на несебичното другарство кое владее во нашиот локален клуб,  ќе продолжиме така и во иднина да си помагаме, почитуваме и надградуваме само така ќе бидеме пример за сите останати млади во тиквешијата, имам одлична соработкa  и со младите од околните села.

 

КТВ: Какво е чувството од млади години да си активен во политиката?

 

БОГЕВ: Чест и задоволсто ми е што сум млад социјалдемократ, уште повеќе што сум на чело на еден од најдобрите локални клубови во државата, но морам да истакнам дека чувствувам голема одговорност пред сите членови, мои другари кои несебични ме подржуваат во сите активности и пред сите наши гласачи кои го дадоа гласот за нашите пратенички листи и затоа несебично, пожртвувано  ќе се борам за остварување на интересите на сите млади.

 

Разговараше:  Ангел Данов

Фото: фејсбук профил на соговорникот.



Додади коментар