Интензивно се гради новата катна гаража во Кавадарци
11-02-2014 РЕГИОН

Намалување на проблемот со паркирање во градот ветува изградбата на новата катна гаража во Кавадарци. Од локалната самоуправа очекуваат дека до мај ќе завршат градежните работи и на кавадарчани ќе им бидат на располагање нови стотина паркинг места. Денеска градоначалникот Александар Панов беше на терен за да согледа како се извршуваат градежните активности кои се доверени на „Градба промет“.

„Се зависи од временската состојба. Ако потрае убавото време ќе се продолжи и со наредната фаза  на подно бетонирање. Некаде во почетокот на мај се надевам дека ќе биде готова катната гаража,  но сепак се дистанцирам од рокови оти ова е жива материја и трпи промена. Капацитетот е сигурно над сто возила. Повеќе од доволно е оваа бројка за да ги задоволи потребите на граѓаните особено за пазарните денови. “ рече Панов.

Локалната самоуправа интензивно ја  подготовувала и документација за зонско паркирање и давање под концесија на паркинг местата. Според градоначалникот, со овој потег ќе заврши бесплатното паркирање во градот.

А.Д

Додади коментар