Изложба на дела од Владимир Темков во Скопје
22-05-2017 КУЛТУРА

„Потрага по смислата на ликовноста, во соочувањето со убавината на природата“ е насловена изложбата на дела од Владимир Темков, која ќе биде отворена утре, 23 мај, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности - Скопје, на педагошката академија.

 

Изложбата, која е составена од дела од магистерскиот труд на Темков, почнува во 20 часот.

 

Владимир Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Завршил средно уметничко училиште и педагошка академија и факултет за ликовни уметности во Скопје. На истоимениот факултет завршува и магистерски студии. 


Во моментов е директор на Домот на кулутурата „Иван Мазов-Климе“ Кавадарци.

 

Во својата кариера имал преку 50 самостојни изложби, а со своите дела бил учесник и на голем број ликовни колонии.

Додади коментар