Изгоре куќа во Кавадарци - општината најави помош за семејството
12-01-2019 РЕГИОН

 

Покривот и покуќнината се целосно уништени во пожарот кој ноќеска околу 2 часот избувнал во куќа во Кавадарци. За среќа нема повредени.

 

Од кавадаречката против пожарна единица информираа дека со сите сили,  на минусни температури,  дејствувале што побрзо да го угаснат пожарот. Дејствувале се до 4 часот утрово.

 

„ На лице место бевме десет пожарникари во два тима, за цело време во гаснењето учествуваа и таткото и синот чија куќа гореше. По нашата брза интервенција, големиот пожар беше локализиран, а огнот не се прошири на околните куќи“ рече Александар Чадамов, командир на ТППЕ Кавадарци.

 

Се утврдуваат причините за пожарот и направената материјална штета.

 

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев информира дека стапил во контакт со семејството и  за нив ќе биде обезбедена целосна помош од општината и од компанијата „Кожувчанка“, како финансиска, така и во механизација. Целосно ќе се расчистат остатоците после пожарот и ќе им се помогне на оштетените да добијат дом. Во меѓувреме семејството е сместено кај свои роднинин.

Додади коментар