Изгоре кат од куќа во Глишиќ
14-04-2015 РЕГИОН

За Александар Јовановски од населба Глишиќ неславно заврши најголемиот христијански празник.Целосно во пожар изгоре катот од куќата во кој тој живее сам. Според Јовановски пожарот избувнал утринава околу 6.30 часот или неколку минути откако тој заминал на работа. Причината вели најверојатно е старата инсталација.Кавадаречката против пожарната единица  реагирала многу брзо откако пожарот го пријавил клисарот во црквата која се наоѓа наспроти куќата на Александар Јованов, напомош веднаш дошле и соседите, но штетата е голема, а јас останав без покрив над глава ја сподели со нас својата тага Јовановски.

 

На првиот кат од опожарената куќа живее братот на Александар со неговата фамилија.Среќа во несреќа е вели тој што пламенот не го зафатил и долниот дел од куќата, бидејќи тогаш трагедијата ќе беше поголема. Во моментот кога пламените јазици се ширеле низ катот на чичкото неговата внука и баба и мајка на Александар сеуште спиеле.

Поголема трагедија спасила брзата интервенција на противпожарната единица Кавадарци која интервенирала со две возила и 5 мина пожарникари, а напомош пристигнало и противпожарно возило со двајца претставници на Шумското стопанство подружница Бор Кавадарци. Александар Јовановски е благодарен на сите кој му помогнале денеска, но вели од тука понатаму неговата судбина е неизвесна. Низ солзи вели дека некое време ќе живее заедно со фамилијата на неговиот брат, но свесен дека тие си имаат свој живот , ќе бара спас за себе. За било каква помош им се обраќа на сите добронамерници, локалните власти и останатите надлежни. Пари или градежен материјал не е важно, неопходен ми е покрив над глава додава Александар Јовановски.

За сите кои сакаат парично да му помогнат на Александар уплатата можат да ја извршат на жиро сметка 200002260042762 - Стопанска банка.

Милица Младенова

Додади коментар