Зимската служба работи на расчистување на улиците во Неготино
10-01-2019 РЕГИОН

 

 

Во текот на вчерашниот и денешниот ден (среда и четврток) на улиците во Неготино беа фрлени 10 тони ризла и 2 тони сол, а од денеска на терен се присутни 2 машини „грејдер“ кои се ангажрани за расчистување на снегот од улиците и патиштата на територијата на општина Неготино, информираат од општинската прес служба.

 

Локалната самоуправа со цел да обезбеди услови за нормално одвивање на сообраќајот, а по новите снежни врнежи во овие два дена, ангажираше работници на локалното комунално претпријатие, екипи на фирмата Коп инженеринг задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата и стручни лица од општината кои постојано се присутни на терен, а во овие активности се вклучија и сопствениците на деловни објекти кои извршија расчистување на снегот пред сопствениот простор.

 

Се очекува двете машини „грејдер“ во текот на денешниот ден да извршат расчистување на снегот на улиците и патиштите кои се најкритични за движење на возилата и пешаците, како и патната мрежа која води до установите и институциите кои се најпосетувани од страна на граѓаните на општина Неготино - се вели во соопштението од општинската прес служба.

Додади коментар