Земјоделците можат да поднесуваат барања за паушално оданочување
04-11-2015 РЕГИОН

Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги, информираа од УЈП.

Оттаму апелираат до земјоделските производители најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите да поднесат пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.

Од УЈП напомаат дедоколку сте регистрирани и е доделен даночен број како вршител на земјоделска дејност, потребно е да се поднесе само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност

Ќе добиете целосно ослободување од персонален данок доколку вашиот приход во 2015 година изнесува до 300.000 денари. Доколку приходите кои сте ги оствариле се движат над 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно ќе платите данок само на 20% од остварените приходи. Исто така следува ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите кои ви ги доделила државата.

Олеснувања следуваат и доколку земјодеслтвото ви е дополнителна дејност и тоа доколку вршите земјоделска дејност како дополнително занимање, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно ќе платите данок само на 20% од остварените приходи. Ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите кои ви ги доделила државата.

Додади коментар