Затворена заботехничка лабораторија во Кавадарци , работела без дозвола
30-10-2018 РЕГИОН
 
 
   Затворена е заботехничка лабораторија во Кавадарци од страна на Здравствен и санитарен инспекторат.
 
Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат го потврдуваат случајот, велат дека пломбирањето е поради работење без дозвола. 
 

     -Ќе добијат записник, решение со кое ќе им биде изречена казна и ќе продолжат со работа кога ќе обезбедат дозвола за тоа, се што е пропишано со законот за здравствена заштита. Може да имаат барање, тоа е ирелевантно, се додека немаат дозвола не може да се работи. Како и да е, законските прописи се тие, барање може да се поднесе, меѓутоа, додека не се добие дозвола, не може да се почне со работа, нагласуваат од Инспекторатот.

 

Неофицијално дознаваме дека на лице место се откриени работници кои не биле пријавени и работите ќе вршеле на црно. Се чека реакција и од другите служби. Има индикации дека во оваа нелегална активност се вклучени и лекари и лица од естрадата.

 

С.Д

Додади коментар