Започна реконструкција на сцената во домот на културата во Кавадарци
28-09-2016 РЕГИОН

Триесет илјади евра општина Кавадарци издвои од буџетот за реновирање на сцената и помошните простории околу сцената во домот на културата „Иван Мазов Климе“. Денеска во посета беше градоначалникот Александар Панов кој ги согледа активностите кои се реализираат. Најави дека со ова реконструкција на домот на културата сите културни институции во општината ќе бидат во одлична кондиција.

 

Оваа реконструкција на сцената и помошните простории ќе значи многу за сите што ги користат, нагласи директорот на домот на културата, Владимир Темков.

 

Последен пат кино салата во домот на културата беше реновирана по пожарот кој се случи во 2000 година.

 

А.Д

 

Повеќе во видеото:

Додади коментар