Започна реконструкцијата на уште две фасади на згради во Кавадарци
24-02-2020 РЕГИОН

Денес започнаа градежните работи за обнова на фасадите на две згради во центарот на Кавадарци. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите на зградата на „Тиквешко поле“ и на зградата позната како „полициска“ и ''ХЕЦ“, која е во продолжение на зградата на „ЗОИЛ“. И двете згради се наоѓаат на ул. „Илинденска“ во трговско пешачката зона - информираат од Локалната самоуправа.


Општината овој проект започна да го реализира минатото лето со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”.

Досега целосно се обновени 10 фасади, а во моментот се работи на единаесеттата и дванаесеттата фасада. До крајот на проектот ќе остане да се обнови задната-јужна фасада на зградата на Општина Кавадарци.
За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.


При извршувањето на активностите, се спроведени неопходните мерки на претпазливост за заштита, а општината апелира до граѓаните за врема на изведувањето на градежните работи да бидат внимателни.

Додади коментар