Започна одбележувањето на асфалтните легнати пречки
21-03-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „Бојта инг“ започна со одбележување на хоризонталната патна сигнализација на 12-те нови асфалтни легнати пречки - информираат од локалната самоуправа.


Ова е завршна фаза од проектот за поставување на забавувачи на сообраќајот кои според сообраќајниот проект се изградени на 8 локации на градските улици и тоа пред основните и средните училишта.

 


Се работи за асфалтни легнати пречки со должина од 6 и широчина од 4 метри, на кои се исцртуваат бели линии за означување пешачки премини-зербри. Претходно паралелно со нивното асфалтирање општината постави и вертикална патна сигнализација од сообраќајни знаци за предупредување.


Со овој проект општината очекува подобрување на безбедноста на пешаците, како и намалување на непрописното брзо возење низ значаен дел од градските улици.

Додади коментар