Започна новогодишното украсување на Кавадарци
06-12-2018 РЕГИОН

 

 

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за новогодишно украсување на градот.

Согласно програмата во предновогодишно руво со светлечки украси се украсува централното градско подрачје и улиците во него.

 


Светлечки украси ќе се постават на зградата на општината, потоа на градскиот плоштад, како и на улиците: „Илинденска“, „Тиквешко востание“, „Мито Хаџи-Василев“, и „7 Септември“ - информираат од општината.

 


Годинава општината ќе ги украси и двата кружни тека стариот кај автобуската станица и новиот кај училиштето „Гоце Делчев“.
Општината во пресрет на новата 2019 година ќе го украси и с.Ваташа каде покрај светлечки украси ќе биде поставена и елка.
Целосното украсување треба да заврши во наредните неколку денови.

Додади коментар