Започна втората фаза за реконструкција на патот Тимјаник-Долни Дисан
10-02-2014 РЕГИОН

Денеска директорот на агенцијата за државни патишта Љупчо Ѓеорѓиевски и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го означија стартот на втората фаза од асфалтирањето на патот с.Тимјаник-Долни Дисан.

Во првиот дел од овој зафат асфалтирани се вкупно 3 километри,а денеска започнуваат асфалтерските работи за преостанатите 1,5 километар.Патот кој ги поврзува нај развиените земјоделски подрачја чини вкупно 27 милиони денари средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој е инвестиција на Агенцијата за државни патишта на Македонија.

Во втората фаза која стартуваше денеска вкупната инвестиција чини 14 милиони и 750 000 денари од кој 10 милиони се средства обезбедени од Општина Неготино.

Во општина Неготино согласно склучените договори вкупно се изведени 3 локални патни правци со вкупна должина од 6,63 километри и инвестиција од на 36 милиони денари.Во 2014 најавена е изведба на два локални патишта со должина од 6,35 километри и инвестиција од над 46 милиони денари.

М.М

Додади коментар