Започна аплицирањето за субвенции за велосипеди
28-09-2020 РЕГИОН

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА  ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето

на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 17.10.2020 година.

1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 28.09.2020 година заклучно со 17.10.2020 година

1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.

1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.

1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

 

  1. Начин на пријавување на јавниот повик

2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик.

2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, бартелот до Општина Кавадарци ги доставува следните документи:

  • Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Граѓански услужен центар на Општина Кавадарци или да се обезбеди од интернет страницата kavadarci.gov.mk),
  • Доказ за жителство во Општина Кавадарци, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,
  • Доказ дека е полнолетен жител на општина Кавадарци (Фотокопија од важечка лична карта),
  • Копија од трансакциска сметка на барателот,
  • Доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со оригинална фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со дата од денот на објавување на повикот.
  • Изјава дека го нема искористено правото на субвенционирање за купување на велосипед од буџетот на општина Кавадарци и буџетите на другите државни институции за претходните 4 години.

2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.

2.4 Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен бел плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година во архивата на општина Кавадарци, на адреса ул. Плоштад Маршал Тито бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

2.5 На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година “.

 

Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено

 

  1. Начин на спроведување на јавниот повик           

3.1. За спроведување на транспарентна постапка при добивање субвенција за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година, доделувањето на средствата ќе се одвива според Правилникот бр.08-4989/8 од 25.09.2020 за условите, начинот и постапката за користењер на финсиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Кавадарци за купување на велосипеди и тоа на следниот начин:

– Општина Кавадарци со цел стимулирање на користењето на субвенции за велосипеди, ќе распишува Јавен Повик

– По завршување на Јавниот Повик, најкасно по 3 дена, ќе  се одржи јавно извлекување на подносителите.  За времето и местото на извлекувањето Општина Кавадарци ќе даде соопштение на својата веб страна. Секој барател кој има доставено барање за субвенционирање на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување.

– За спроведување на активностите за реализација на Јавниот Повик, Градоначалникот на Општина Кавадарци  ќе формира комисија од страна на општинската администрација. Комисијата по пристигнувањето на сите барања за субвенционирање доставени за времетраењето на јавниот оглас, со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања.

– Извлекувањето од точка 1.3 на овој дел од Јавниот повик ќе се одвива на следниот начин:

– извлекувањето ќе биде снимено и за истото Општина Кавадарци ќе има видеозапис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Општина Кавадарци.

– ковертите во присуство на сите членови на комисиите ќе се стават прво во еднобојни коверти, а потоа во посебен сад.

– лицето кое го врши извлекувањето, секој извлечен коверт го предава на еден член на комисијата.

– претседателот/членот на комисијата го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапуваат кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не е во согласност со условите и барањата од правилникот.

– за времетрање на извлекувањето ќе се составува листа која ќе содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок на добивка.

– во оној момент кога ќе се извлечат барателите чиј збир на износот на надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена, ќе заврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација.

– доколку има две или повеќе извлечени баратели со иста адреса на живеење и од исто семејство, се уважува барањето на прво извлеченото.

 

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

4.1. Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства во износ од 50 %, но не повеќе од 3.000 денари, бруто износ, по лице, за барателите кои ги исполниле критериумите согласно Правилникот бр.08-4989/8 од 25.09.2020 за условите, начинот и постапката за користењер на финсиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Кавадарци и јавниот повик.

4.2. Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ќе донесе Решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува критериумите дефинирани согласно јавниот повик.

4.3. Комисијата за спроведување на јавниот повик го објавува предлогот за субвенционирање/надомест на вебстраната на општина Кавадарци и ги известува барателите

 

Барање за велоспеди

Изјава велосипеди

 

 



Додади коментар