Заев на трибина во Росоман

Викендов раководството на СДСМ беше во Тиквешијата на средби со граѓаните. Синоќа пред жителите на Росоман на трибина мерките од програмата на СДСМ ги претстави претседателот на партијата Зоран Заев. Тој нагласи дека граѓаните на Македонија ги прифаќале понудените решенија за надминување на лошите состојби во земјава.

„Луѓето се плашат. Сиромаштијата е голема. Бевме во Сирково, Манастирец, Трстеник , еве и на трибина во Росоман. Нашите мерки се насочени кон подобрување на условите за живот и во руралните средини.  Граѓаните се пожалија дека земјоделското производство им се откупува по ниски цени, не им се исплаќа со години. Ние нудиме мерки кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во земјоделството“ рече Заев

Тој нагласи дека целта на  350-те мерки во секоја област,  е да ги враќаат парите назад  кон граѓаните или да остават плус пари назад кон граѓаните. 

А.Д



Share

Додади коментар