Заев на средба со лозарите во Кавадарци – се утврдува цената на грозјето
08-09-2020 РЕГИОН

Во

Кавадарци денеска се разговара за откупната цена на винското грозје. На средба со лозарите дојде лично премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство, пратеници и градоначалници од Тиквешијата за да се изнајде решение, бидејќи лозарите најавија протести доколку до утре нема дефинирана цена за откупот на грозјето.

 

 

„ Сакам да знаат граѓаните дека оваа година тоа што го договоривме со визбите беше да ја постигнеме ланската цена каде државата треба да направи дополнителна интервенција. Проблемот кој се појавува доминантно е кај вранецот и смедеревката. Кавадаречкиот регион има околу 40 милиони килограми грозје вранец и смедеревка или 80 милиони килограми во земјава.. И овде треба да ја направиме вистинската интервенција. Договоривме откупни цени на вранецот 11 денари на смедеревката од 9 денари каде државата ќе интервенира 2 +2 денари,  вкупно 4 денари за да ги постигнеме конечните цени на лозаропроизводителите од 15 денари вранец и 13 денари смедеревка. Дополнително утврдивме и смогнавме сили да најдеме 2 денари за високо квалитетните сорти. Покриваме количина од 10 милиони килограми кое е дополнителен издаток до 20 милиони денари“ изјави Заев.

 Т

 

Тој нагласи дека годинава  состојбата со лозарството е тешка затоа што затворени се угостителските објекти долг период  дома но и во земјите традиционални партнери.

 

„Тоа предизвика да имаме 55 милиони литри вино во визбите, кои лани ова време беа околу 35 милиони литри сето тоа предизвика загрижена состојба за сите. Оваа година имаме и болест. 20-30% од лозовите насади се зафатени од болест која што предизвикува одредено опаѓање на грозјето и намалување на приносите, но  таму каде има грозје од дождовите има и поголеми приноси. Денеска сме овде да најдеме фер решение, кое ќе биде фер за лозарите, фер за визбите, фер за државата, затоа што верувам дека само на тој начин државата исправно ќе им служи на своите граѓани“ рече премиерот.

 

    

 

Заев пред средбата со лозарите посочи дека во буџетот со ребалансот биле предвидени средства за решавање на проблемот во лозарството. Потенцира дека одредени визби не ја почитуваат договорената цена, но мора да се најде правично решение, додаде премиерот.

 

„Свесни сме дека има и дополнителни количини. Развивме метода која сеуште ја дискутираме да помогнеме во супституција на транспортните трошоци на наливното и флашираното вино. И тоа 20% од транспортните трошоци за извоз на наливното вино  и 30% од трошоците за транспорт за извоз на флашираното вино. Излегува над 1,5 милион евра дополнителна субвенција се со конечна цел да се испласираат сите тие залихи за да можат визбите да примат повеќе грозје“ нагласи Заев.

 

Ангел Данов

 

 

 



Додади коментар