Завршува реконструкцијата на спортската сала „ Партизан “
06-02-2019 РЕГИОН

 

 

Проектот за реконструкција на салата „ Партизан “ влегува во завршна фаза информрираат од општината .


Согласно проектот поставени се бекатон коцки на просторот каде беа отстранети диво поставените гаражи, а тој простор со патека се спои со паркингот пред старата забна амбуланта. Вкупната површина на партерното уредување пред салата „Партизан“ изнесува 400 м2.


Обновени се патеките од источната страна на салата, а на тротоарот со улицата „Методи Џунов-Џико“ се вградиа и метални столбчиња. Паралелно со партерното уредување се работи и внатре во салата, каде започна поставувањето на паркет на теренот за спортување.


Во наредната фаза ќе следи и обновување на фасадата од јужната страна на објектот.

Додади коментар