Заврши проектот за реконструкција на куќата на Страшо Пинџур
04-11-2014 РЕГИОН

         Со целосоната промена на кровната конструкција на спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во Ваташа минатата година  започна проектот  за целосно обновување на овој значаен историски споменик под надлежност на Музеј -галерија Кавадарци . Следеше  промена на документацијата ,збогатување со нови документи и уште 40 нови форографии.

 

Исто така беа зголемени постоечките дописни картички за да можат подобро да се читаат кои се изложени напоредно со оригиналите.Во рамките на овој проект променети се и сите светла во внатрешноста на спомен куќата .

 

Со уредувањето на дворниот простор и фонтаната со средства воизнос од 60 000 денари -  проект  финансиран од Локалната Самоуправа Кавадарци  целосно е заокружен проектот на обновување и уредување на Спомен куќата на народниот херој Страшо ПИнџур –денеска изјави директорот на Музеј –галерија  Петре Камчевски.

Мирјана Мукаетова

Додади коментар