Заврши вакцинацијата против грип
17-11-2014 РЕГИОН

810 лица оваа сезона примиле вакцина за заштита од грип, информираа од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Ова е најголем интерес од страна на кавадарчани покажан за заштита од грипот како сеознско вирусно заболување.

 

“Вакцинацијата успешно заврши. Имаше голем интерес. Над 60 отсто од вкупниот број на лица кои се вакцинираа се лица постари од 65 години, потоа се луѓе со хроинични болести“ рече д-р Ристе Јовановси, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

 

Сезонскиот грип веќе циркулира. Последните податоци кои од матичните лекари ги има добиено кавадаречкиот центар за јавно здравје покажуваат осуммина заболени. Дали вирусот на грип поактивно се ширел последната недела ќе се знае во текот на утрешниот ден, рече д-р Јовановски.

 А.Д

Додади коментар