Заврши асфалтирањето на патот Страгово - Крњево
30-07-2020 РЕГИОН

Точно според планот вчера попладне заврши асфалтирањето на последната делница од локалниот пат Страгово-Крњево. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ заврши со поставувањето на завршниот слој асфалт на последните метри од реконструираниот патен правец - информираат од локалната самоуправа.


Оваа делница е најкусата врска на Кавадарци со Бошавијата. Со нејзиното целосно асфалтирање се заокружи значаен проект на локалната власт во напорите на заживување на овој некогаш исклучително витален регион, богат со природни ресурси.

 


Во последната фаза беше опфатено проширување, тампонирање и асфалтирање на последните 1 600 метри од патот. После асфалтирањето останува уште доуредувањето на канафките и пропустите, по што во наредните денови се очекува и предавање во употреба на оваа патна делница, која во изминатите 3 дена беше целосно затворена за сообраќај.

 


Сега од Кавадарци до селото Крњево преку Ладно Долче и Страгово ќе се патува по проширен и асфалтиран пат, многу побезбедно и побрзо.



Додади коментар