Жител на Трстеник прегазен од трактор

Трактор  го прегазил Б.С,  54 годишен жител на селото Трстеник – росоманско додека изведувал земјоделски работи во текот на вчерашниот ден, информираа од МВР.

 

Во полиција несреќата ја пријавиле од Здравствен дом Кавадарци вчера во 10.30 часот. Како што информираат од МВР несреќата се случила во лозов насад  сопственост на АД „Гоце Делчев“.

 

На повредениот лекарска помош најпрво му била укажана во кавадаречката болница, а поради тешките повреди бил пренесен во скопскиот клинички центар./А.Д

 

Додади коментар