Женско е првото бебе во 2015 во Велес
02-01-2015 РЕГИОН

Градоначалникот Славчо Чадиев, традиционално го посети првороденчето во 2015 година и лично и честиташе на мајката која го доби најубавиот новогодишен  подарок. Велешанката Вишња Стојанова на свет донесе здраво женско дете. Тоа  е прва рожба на семејството Стојанови кои живеат во Општина Росоман. Првото бебе, тешко 3.120 гр. и долго 52 цм. стигна на свет во 17.25 часот на првиот  ден од новата година.

 

Градоначалникот Чадиев на првото новороденче му посака  добро здравје и безгрижно детство исполнето со радости. На среќната мајка  градоначалникот Чадиев и неговата сопруга, како и градоначалникот на Општина Росоман и врачија пригодни подароци. Новогодишната атмосфера беше  искористена и за посета на децата кои се наоѓаат во детското одделение при Општата болница. Ним градоначалникот им подели новогодишни пакетчиња како мал придонес во подигнување на нивото на среќа и радост.



Додади коментар