Еко камп во Михајлово
12-08-2019 РЕГИОН

20 деца од пето до деветто одделение селата Возарци и Шивец годинава беа дел од 10-oт по ред еко камп во одморалиштето Михајловo, а го организира еколошкото друштво „Тисовец “ од село Возарци. Кампот е финансиран од комапнијата „Еуро никел“.

 

„Децата кои беа дел од кампот имаа можност три дена да уживаат во прекрасната природа на планината Кожув и Михајлово. Имавме прошетка во природа, а учесниците  се едицираа и за ориентација во планина. Во вечерните часови имаше бројни забавни активности и еко квиз“ информира претседателот на еколошкото друштво „Тисовец“, Сашко Данов.

 А.Д

Додади коментар