Еколошка акција на Витачево
23-04-2018 РЕГИОН

 

Ученици од ООУ „Страшо Пинџур“ и „Тоде Хаџи Тефов“ беа дел од еколошката ација за чистење на отпадоци околу езерцето на висораминината Витачево.

 

Акцијата беше во организација на регионалното еколошко друштво „Еко живот“, „ЕНВ.нет Македонија“ и еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес, а во соработка со ЈП Комуналец и со поддршка на локалната самоуправа.

 

„Континуирано работиме врз подигнувањето на еколошката свест кај населението, а истовремено организираме и акции за почиста и поздрава животна средина. Оваа активност ни е во чест на вчерашниот ден на планетата Земја, рече Роберто Паризов, претседател на друштвото, кое е член на Друштвото на екологисти на Македонија.

A.Д



Додади коментар